Бектеши: БЕГ има обврска да ги сторнира сметките за август

news
Advertisement

БЕГ има обврска да ги сторнира сметките за парно греење за месец август за кои реагираа граѓаните, изјави пред министерот за економија Крешник Бектеши.

Advertisement

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека БЕГ треба да ги порамнат сметките со ЕСМ.Изјавата ја даде на маргините на Самитот Отворен Балкан откако вчера од компанијата порачаа дека владата не ги исплатила субвенициите кои се пресметуваат во сметките.

Компанијата БЕГ пресметала 99,6 милиони денари неиспалтени субвенции, а и ЕСМ има финална пресметката за трошоците, но неофицијално заглавила пресметката на Скопје- Север, компанија која е во стечјана постапка.

Пресметките треба да ги провери и прифати владата и да ги префрли парите на посебна сметка на државната ЕСМ која го превзема и го регулира транспортот на топлинска енергија.

Граѓаните се збунети и веќе ги плаќаат сметките за месец Август откако ги добија малку порано. БЕГ си ги побара парите а се правда дека изготвувањето на сметките е редовна пракса.

Синоќешниот апел на регулаторите е БЕГ веднаш да ги повлече и сторнира сметките за месец август за сите корисници и да изготви нови во кои ќе бидат пресметани државните субвенции и да го вкалкулира последното покачување на цената одобрено до регулаторите во висина од 14 отсто.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.