Бектеши во Белград се сретнал со контактите на Мицкоски

news
Advertisement

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека средбата со компанијата за природен гас што му ја посочи Христијан Мицкоски се одржала во Белград. Се работи за претприемачи од Србија, БиХ и Словенија, а гасот, како што рече, доаѓа од „Газпром“.

Advertisement

Бев во Белград. Се сретнав со претставници на компанијата која е регистрирана во Швајцарија. Може да ја обзнани Мицкоски, тоа не е моја работа. Се работи за претприемачи од Србија, БиХ и Словенија и за гас кој доаѓа од „Газпром“, истакна Бектеши на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој информира и дека втората компанијата што ја посочи Мицкоски, за набавка на мазут, е од БиХ, како и дека се уште се очекуваат нејзините понуди.

Најважно од се е да се достават контрабанкарски гаранции за испорака и цена, како и да се почитуваат нашите законски одредби. Кога понудите ќе ги имаме, ќе ја известиме јавноста дали ќе бидат прифатливи или зошто не се, потенцира Бектеши и дополни дека Владата ќе направи максимални големи напори за да обезбеди континуитет во снабдувањето со природен гас по најниски цени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.