Бектеши: Најмалку струја штеди Министерството за здравство, најмногу Министерство за образование

news
Advertisement

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија. Според анализата остварена е вкупна заштеда од 24% на потрошувачката на електрична енергија.

Advertisement

„Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија произлегува дека административните згради на Претседател на Република Северна Македонија, Собранието, Владата, министерства, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29%, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20% остварена во септември.

Задоволство ми е да кажам дека сите институции во октомври имаат најмалку 15% намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата.

Пришто најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18%, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58%“, посочи Бектеши.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.