Бела куќа: Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите

news
Advertisement

Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека нема евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливи документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција.

Advertisement

Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом вчера побарал евиденција за посетителите на домот на Бајден во Вилмингтон, откако биле пронајдени доверливи документи во неговата канцеларија и гаража.

Американското Министерство за правда на 13 јануари објави дека ќе именува специјален обвинител, кој ќе ја надгледува истрагата за т.н. Документите на Бајден.

Доверливи документи беа пронајдени минатата недела и во поранешната потпретседателска резиденција на Бајден и во канцеларијата што тој ја користеше во Вашингтон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.