Најпознатиот македонски трибјут бенд, „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, досега „верни на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на овие простори, а отсега и со сопствена авторска музика.
Членовите на групата Ве канат на промоција на нивната прва авторска песна и видеоспотот за неа насловена како „Сувенир из Сарајева“.
Промоцијата ќе се одржи на 30 Јануари 2025 (ЧЕТВРТОК) во скопскиот ноќен клуб „ИНТЕРМЕЦО“ со почеток во 20.30 часот. Покрај промоцијата на видеото и живата изведба на песната, „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, потоа ќе одржи и целовечерна концертна свирка на која во живо ги изведува најголемите хитови на култната рок група, со комплетна визуелна трансформација и костимографија од неколкуте фази на Дугме.
Промоцијата е замислена како претставување пред новинарите на првата авторска песна, но и на целокупниот концертен репертоар на бендот, во вид на целовечерна рок ен рол забава како за претставниците на медиумите, така и за сите присутни таа вечер во „Интермецо мјузик бар“ во Скопје.