Берлускони имал леукемија

news
Advertisement

Откако вчера беше хоспитализиран во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, состојбата на Силвио Берлускони била стабилна, меѓутоа тој страдал од леукемија, информира Ројтерс.

Advertisement

Реномираната агенција се повикува на свои извори блиски до Берлускони како надоврзување на вчерашната вест за негово хоспитализирање.Тој имаше проблеми со дишење, па беше сместен во одделот за кардиологија на миланската клиника.

Берлускони има 86 години и се уште е активен во фудбалот, како претседател на Монца, откако 20 години беше прв човек на Милан, од 1986 до 2006.

Неговата партија Форца Италија е дел од владеачката коалиција на премиерката Џорџа Мелони, иако тој лично нема улога во владата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.