Бесими: Лебот не смее да поскапи

news
Advertisement

Ќе има ли нов бран поскапувања на прехранбените производи. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува – лебот не смее да поскапи. Оваа констатација на Бесими е поткрепена со фактот дека цената на пченицата годинава не е поскапа од лани, а ниту трошоците за електрична енергија на пекарниците не се поголеми од ланските кога беснееше енергетската криза.

Advertisement

Во меѓувреме поради руско-украинските односи пченицата на светските берзи благо се зголеми но тоа засега не влијае на цената на лебот во Македонија.

Од пекарско-мелничарската индустрија најавија дека последниот збор околу цената на лебот ќе го дадат во септември.

Цената на белиот леб, нагласи Бесими, е 33 денари и тука нема поскапувања. Како што најави, можно е уште денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на владина седница да излезе со нова предлог-мерка.

-Ги прочитав сите најави од мелничката индустрија. Дали откупната цена на пченицата е повисока во однос на минатата година? Не. Дали електричната енергија е поскапа? Не. Што во меѓувреме се случило за да најават поскапување на лебот? Во постојана комуникација сум со двајцата министри, за економија и за земјоделство, како и со премиерот. Ние сме отворени да разговараме за која било тема, но најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Ќе се разговара со нив и ќе излеземе во пресрет на секоја ситуација во однос на овие ситуации што може да влијаат од аспект на ценовната криза. Сите ние, ресорните министри, ќе разговараме со нив и во секоја фаза сме подготвени да реагираме со мерки, истакна Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР.

Министерот уште еднаш напомена дека Владата е подготвена да разговара за секое прашање.

-Секој си носи дел од својата одговорвност. Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Не прејудицирам дека тука има шпекулации, но сакам да кажам дека за кое било такво прашање сме подготвени да разговараме, зашто медиумски укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството не помагаат во економијата, туку дополнтелно создаваат очекувања за зголемување на трошоците, рече Бесими.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.