Бесими: Платите на вработените во администрацијата ќе се пресметуваат според просечната плата, но од 2025 година

news
Advertisement

Покачувањето на плататата на вработените во јавниот во сектор во иднина веројатно ќе пресметува според просечната плата и инфлацијата во земјата, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими за МИА.

Advertisement

„Барањата на синдикатите беа да се користи модел на коефициенти со просечната плата. Бевме отворени и флексибилни уште од почетокот да го прифаќаме тоа што беше предлог на синдикатите.Тоа што во оваа фаза беше комуницирано и од нивна страна, мислам дека е дефинирано е коефициентот да се воведе како нов модел и секако размислувањата за механизмот кој ќе ја дефинира динамиката на платите да биде поврзана со просечната бруто плата.

Со ова се создава солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен, потранспарентен и ќе имаме системско решение“, изајви Бесими.

Тој објасни дека за различни јавни служби ќе се утврди различен коефициент на сложеност, а во формулата за пресметка ќе се зема во предвид просечната плата и/или инфлацијата. Така, платите континуирано ќе растат секоја година, во зависност со растот на платите и трошоците во целата економија.

Но и да се постигне договор сега, моделот би требало да почне да важи од 2025 година. Но и во меѓувреме ќе има првично покачување кое се договара.

Вработените во Управата за јавни приходи, вработените во Царинската управа и судската администрација изминатите недели протестираа и најавија дека ќе почнат генерален штрајк, доколку нивните барања за зголемување на платите за 30 отсто не се остварат.

Синдикатите на вработените и неделава беа на преговори во Владата, по што рекоа дека се приближиле во ставовите, но се уште нема конечен договор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.