БИЗНИСМЕНОТ КОЧАН Е НА СЛОБОДА: Ама неговиот имот за конфискација никаде го нема

news
Advertisement

По повеќе од четири години, бизнисменот Сеад Кочан излезе од затворот „Идризово“. Директорот на затворот, Зоран Јовановски за „Фокус“ потврди дека Кочан е на слобода од пред околу еден месец, па Нова година ќе ја дочека како слободен граѓанин, но и бизнисмен.

Advertisement

Кочан, со полиција, беше однесен во „Идризово“ на 1 август 2019 година да ја издржува казната затвор од четири години и осум месеци, на која беше правосилно осуден во случајот „Труст“.

Тој беше еден од ретките што издржа затворска казна, но и еден од ретките со кој поранешното Специјално јавно обвинителство се фалеше дека ќе го свртат „бројчаникот“ за околу 17 милиони евра.

Пресудата за Кочан стана правосилна и извршна во јули 2019 година, кога Апелација му ја намали казната од шест на четири години и осум месеци затвор.

Тогаш стана и правосилна одлуката со која на Кочан требаше да му се конфискува имот во вредност од направената штета за да се обесштети државата поради наместен тендер во РЕК „Битола“, во 2011 година.

Кочан еве излезе од затвор, а државата му нема конфискувано ниту шајка.

„Фокус“ стапи во контакт со директорот Небиу за тоа што се случува со имотот на Кочан.

– Од Сеад Кочан немаме ни шајка видено, ни една количка, никој не знае каде е неговиот имот. Откако дојдов во Агенцијата, испратив дописи до сите институции, до Владата, до Министерството за внатрешни работи, до Министерството за правда, никој ми нема вратено, освен Министерството за правда, кое покажа подготвеност да се конфискува – вели Небиу.

На нашето прашање каде е движниот и недвижниот имот на Кочан, Небиу вели:

– Не знам, и јас тоа сакам да го знам, тука во Агенцијата ништо немаме. Под банкарска хипотека, не знам. Тоа треба да го прашате поранешниот директор на Агенцијата, тој треба да знае. Ова е катастрофа. На обичен човек патики ќе му се конфискуваат и ќе се продадат, овој имот не може да се најде.

Извор. https://www.faktor.mk/biznismenot-kochan-e-na-sloboda-ama-negoviot-imot-za-konfiskacija-nikade-go-nema?fbclid=IwAR1GDkulpWuLp76ywQ6kRsEb0MMBuBqrNVAIcmvtyLFBgCYVwiEgbWyslNI

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.