Бислимовски: Тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно, зашто ќе ја пренасочат потрошувачката во евтина тарифа

news
Advertisement

Најодговорно тврдам дека тие што ќе одат во трет блок ќе имаат помали сметки од претходно, ќе дојдат сметките, граѓаните ќе видат. Многу потрошувачи, потрошувачката со која што влегувале во трет блок, некои дури и што се греат во поголеми простории се и во четврти блок, дел од таа потрошувачка ќе влезе во евтината тарифа од 13 до 15 часот, истакна претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Advertisement

Тој рече дека над 80 проценти од потрошувачите се во прв и втор блок, а таму појасни дека има намалување на цената за пет проценти во еден од блоковите, додека во втор блок цената е иста, а кај третиот блок има корекција од два проценти.

Па ако споредите минус пет и плус два, добивате повторно намалување што значи дека и тие што се во трет ќе имаат намалување на сметките, нагласи Бислимовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.