Битиќи: Ако се задолжиме за да помагаме во стопанството, некој ќе треба да го плати тоа

news
Advertisement

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, по средбата со стопанствениците во Владата во рамки седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, порача дека не очекува тешка зима и дека која и да е одлуката што ќе ја преземат од денеска па натаму, сите ќе бидат одговорни за истата.

Advertisement

Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме, рече Битиќи пред Владата.

Прашан дали е можно да се намали ДДВ во оваа криза, тој посочи оти е намалено.

Битиќи посочи оти на денешната редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања се разговарало и за даночните реформи.

Според него индивидуални мерки не се решение и тоа, како што рече, го видовме во периодот на ковид и го кажуваме и сега.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.