Битиќи: Заедништвото е клучната порака на македонската револуционерна борба истакната и во Крушевскиот манифест

news
Advertisement

Заедништвото е клучната порака која во наследство ни ја има оставено македонската револуционерна борба. Пораката за заедништво особено се истакнува во Крушевскиот манифест. Таму, со повикот до комшиите и пријателите без разлика вера, убедување и народност, всушност, е вградена визијата за Македонија. Таа порака со желба за подобар живот е света водилка по која се водиме до денешен ден“, истакнува во својата честитка по повод 23 Октомври – Денот на револуционерната борба Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции.

Advertisement

Битиќи со честитката нагласува дека „делбите се најголемата пречка за напредок на државата“.

„Да ги запреме поделбите. Да се обединиме внатре, да се помириме со соседите за обединување со европското семејство“, порачува нагласува вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи во честитката по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.