Боба ја носи Брена на грб! Еве како пејачката се опоравува од повредата на ногата во Тајланд (ФОТО)

Боба ја носи Брена на грб! Еве како пејачката се опоравува од повредата на ногата во Тајланд (ФОТО)

news
Advertisement

Боба ја носи Брена на грб! Еве како пејачката се опоравува од повредата на ногата во Тајланд (ФОТО)

Advertisement

Лепа Брена пред неколку дена со семејството замина на Тајланд каде се опоравува од повредата на ногата, а на социјалните мрежи покажа дека ужива во одморот.

Со оглед на тоа што Брена неодамна ја повреди ногата на концерт во Загреб, кога снимател падна врз неа на бината, сите се интересираа во каква форма е сега пејачката.

Судејќи според фотографиите кои музичката ѕвезда ги објави на својот Инстаграм профил, опоравувањето по операцијата на зглобот оди добро. Брена уживаше во базенот во црвено бикини, со шапка на главата, додека Боба се трудеше да ѝ го направи престојот во водата што е можно поудобен.

На видеото се гледа како пејачката се држи за даска за пливање, а потоа се потпира на грбот на Боба. Тие се снимени заедно, а судејќи по насмевката на нивните лица, одлично се забавуваат.

Со Брена и Боба е нивниот син Виктор Живојиновиќ, како и неговата девојка Софија Спасојевиќ. Сите се релаксираат заедно на плажите во Тајланд, пијат коктели на зајдисонце и уживаат во разновидноста на азиската кујна.

Advertisement