БОМБА НА ТВ21: Можно е Заев да излезе со своја листа на кандидати за пратеници – му испратил ултиматум на Ковачевски да се повлече од лидерското место во СДСМ?

news
Advertisement

Димитар Ковачевски ги брои последните денови како премиер во Владата. Но, според избори на ТВ21, се бара од него да го напушти и претседателското столче во СДСМ. Ваков ултиматум до него испратил поранешниот премиер и претседател на партијата Зоран Заев. Ова се неофицијални информации до кои дојде ТВ21.

Advertisement

Заев и Ковачевски немале комуникација од пред Нова година. Пораката со ултиматум која ја добил Ковачевски била директно испратена од Заев, по што се отворил и сериозен конфликт во актуелното раководство на СДСМ предводено од Ковачевски.

Како што веќе објави ТВ21 пред три месеци, Заев побарал од актуелното раководство на СДСМ да имаат заеднички листи со ДУИ. И не само тоа. Поддршка од сите коалициони партнери кон кандидатот за претседател уште во првиот круг.

Иако е контрадикторно, сепак од ДУИ сметаат дека Заев е најголем кочничар и противник на актуелните преговори меѓу СДСМ и ДУИ за европски фронт.

Партиски извори исто така не информираат дека претставници на СДСМ и ДУИ ги информирале дипломатските претставништва во Македонија дека поранешниот премиер Зоран Заев им прави проблеми во коалицијата. А тие пак испратиле порака до Заев, преку одлуката за Миодраг Дака Давидовиќ кој се најде на црната листа на САД, а во делот на образложението се потенцираа и контактите со Зоран Заев и Драги Рашковски.

– Од партиски извори дознаваме дека не е исклучена ниту можноста Заев да излезе и со своја листа на кандидати за пратеници, доколку не успее во намерата да има целосно влијание врз партијата. Исто така се споменува и идејата дека тој може да биде носител во четвртата изборна единица за претстојните парламентарни избори, објави ТВ 21.

Од СДСМ велат дека тоа не е вистина

„Не, тоа се невистини кои ги отфрламе во целост“, стои во реакцијата на партијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.