Бранко Огњановски – Миле Паника: Би сакал орденот од Пендаровски да немаше „Северна“

news
Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги одлекуваше со ордени за посебни заслуги членовите на „К-15“ триото – Љупчо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров.
Огњановски, популарен во јавноста по ликот „Миле Паника“, упати благодарност до претседателот, но на социјалните мрежи спомена и дека би сакал на медалот да го нема зборот „Северна“.
– Претседателот Пендаровски не одликуваше со Медал за заслуги за Република С. Македонија. Му благодарам за оваа престижна награда.
Ова признание не би било можно без подршка, инспирација и работа на многу луѓе со кои го делевме ова долгогодишно патување. Им благодарам на сите соработници кои беа со мене во сите овие години, на целото семејството и пријателите кои секогаш беа покрај мене и ме поджуваа кога беше тешко но и се смееа и радуваа на успесите. Особено им благодарам на Васко и на Бубо без кои овој успех немаше да се случи.

Advertisement

Хуморот има моќ да ги спојува луѓето, да ја лечи душата и да ги осветли и најтемните моменти. Со К-15 се трудевме да донесеме насмевка на лицата на гледачите и покрај предизвиците и тешкотиите (читај сите срања) кои секојдневно ги живееме.

И затоа, овој медал не е признание само за нас како поеднци, туку за целата наша публика, за сите кои се смееа заедно со нас, кои го препознаа нашиот хумор и кои ни помогнаа заедно да дојдеме до ова дереџе.

Ви благодарам на сите.

П.С. (би сакал да го нема ова „С“ во објавава, но така пишува на медалот, иако заслугите ни се во време кога бевме Република Македонија), напиша Огњановски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.