Британската ријалити ѕвезда непрепознатлива! Ја покажа неверојатната трансформација – симнала 57 килограми!

news
Advertisement

Шанел Хејс, британската ријалити ѕвезда и натпреварувач на Големиот брат во 2007 година, ослабе неверојатни 57 килограми.

Advertisement

„Не разговарав со никого една година. Немав љубовен живот, речиси и немав живот. Бев затворена во куќата. Ги одбив сите деловни понуди, а потоа дојде карантинот. Јадев се што можев“, рече таа во едно интервју.

Кога влезе во Големиот брат, имаше 19 години. По Големиот брат, таа беше модел, пејачка, а влезе и во светот на бизнисот. Беше на бројни насловни страници, позирајќи во костими за капење… Меѓутоа, пред неколку години целосно се повлече од општествениот и јавниот живот.

Се здебелила и не ја напуштила куќата за да оди на операција на желудникот во 2020 година. Ѝ отстраниле дел од стомакот и за две години ослабела дури 57 килограми.

На почетокот на август ријалити ѕвездата на социјалните мрежи објави серија фотографии во бикини на кои може да се види нејзината трансформација. Таа во описот под објавата отворено проговори за вишокот кожа што го има на стомакот поради операција.

Инаку, пред да оди на операција на желудникот, Шанел за странските медиуми призна дека земала лаксативи и десет години јадела само домати за да изгледа „слабо како Викторија Бекам“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *