Бугарија со контрамерки доколку Холандија и Австрија стават вето на нејзиниот пристап во Шенген

news
Advertisement

Бугарија најави контрамерки доколку Холандија и Австрија стават вето на нејзиниот пристап во Шенген, рече бугарскиот премиер Галаб Донев, додавајќи дека се надева дека „здравиот разум ќе надвладее“ во преостанатите денови до гласањето.

Advertisement

Донев не прецизираше какви мерки ќе воведе Бугарија, но рече дека „се надева дека нема да мора да го правиме тоа“.

Според неофицијални информации од Софија, доколку Холандија не го повлече приговорот, Бугарија ќе ја блокира кандидатурата на Ханс Лајтенс за шеф на Фронтекс, агенцијата за европска граница и крајбрежна стража, пренесува „Еурактив“.

Бугарските власти тврдат дека позициите на холандскиот премиер и на австриската канцеларка се диктирани од внатрешно-политички причини, а не од пропусти во примената на шенгенските правила од страна на Бугарија, што Донев ги оцени како „двојни стандарди“.

Бугарскиот министер за правда Крум Жарков за „Еурактив“ изјави дека заканата на Бугарија е „многу реална“ и дека сака да предизвика реакција на ЕУ.

„Главните забелешки на Холандија не се поврзани со заштитата на границите, туку со спроведувањето на механизмот за соработка и верификација, кој беше одбиен за Бугарија во 2019 година, па Холандија очекува извештај што не може да го добие. Тој став ги прави безначајни правилата на кои се заснова ЕУ“, рече министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Советот на ЕУ на 8 декември треба да гласа за прием на Бугарија, Романија и Хрватска во Шенген зоната, Холандија остро се спротивставува на приемот на Бугарија, додека Австрија е против приемот на Бугарија и Романија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.