Булеварите „Илинденска“ и „8 Септември“ во Скопје затворени за Самитот на ОБСЕ

news
Advertisement

Булеварите „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, ќе бидат затворени за време на Самитот на ОБСЕ за време на одржувањето во Скопје, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Advertisement

Ова го потврди министерот кој гостуваше во дневникот на МТВ на тема организација и безбедност на самитот на ОБСЕ кој ќе се одржи следната недела на 30 ноември и 1 декември во салата „Борис Трајковски“ како најважен настан што ќе ја одбележи оваа година на кој нашата држава ќе биде домаќин.

Граѓаните секако ќе имаат можност да се движат. Секако дека ќе има отежнато движење, посебно во Центар и во Карпош, таму каде што ќе се одржува целиот настан. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се предвидува улиците по коишто ќе се движат делегациите, пред се улицата „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, но во зависност од потребите можат да се затворат и други улици во одредени интервали. Апелираме до граѓаните пред се на трпение и секако, да ги почитуваат наредбите коишто ќе ги издаваат службените лица, заради тоа што е добро за сите нас и е добро за безбедно одвивање на целиот овој настан. Нема да има целосно затворање за да не може да се движат граѓаните, туку во одредени интервали и покрај отежнатото движење ќе можат да си ги завршуваат и своите обврски.“, образложи министерот Спасовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.