Advertisement
Advertisement
Лажна е веста дека поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски пред еден месец се откажал од македонско државјанство и моментално се наоѓа во една од соседните земји. Иако таа вест ја објави ТВ21 од неофицијални извори, веста не беше потврдена.
– Според наши извори, Ковачевски побарал српско државјанство и моментално е во Србија, објави ТВ 21. ТВ21 испрати прашање до МВР за официјална потврда дали Ковачевски се откажал од македонско државјанство. Во очекување сме на одговор. Други медиуми пак објавија дека Ковачевски се наоѓа во Австрија.
Advertisement