Велосипедист скршил колк при пад на Водно – итната помош стигнала до него по тешка пешачка патека!

news
Advertisement

Центарот за управување со кризи информира дека денес околу 15.00 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пашачка патека под средно Водно.

Advertisement

По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.

„Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки“, велат од ЦУК.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.