Advertisement
Advertisement
Во градски автобус на еден од приватните превозници, вечерва во Скопје било пронајдено момче избодено со нож, објави порталот „24инфо.мк“. Според информациите, двајца напаѓачи му се нафрлиле на момчето на постојката кај трговскиот центар „Сити мол“. Кусо време по нападот, полицијата уапсила друго момче на возраст од 15 години, кое признало дека го извршило нападот. Повредениот тинејџер е задржан на скопските клиники, а напаѓачот во полициска станица, пишува порталот.
Advertisement