ВЕЧЕРВА ЌЕ КАЖАМ СЕ ШТО НЕ СУМ КАЖАЛ ДОСЕГА, ОД МОЕТО РАЃАЊЕ ДО ДЕНЕС, А ИМА МНОГУ – еве што најавува директорот на ЦУК Стојанче Ангелов

news
Advertisement

Директорот на ЦУК и претседател Стојанче Ангелов изрази голема благодарност до пратениците Павле Трајанов, Мирослав Јовановиќ, Димитар Апасиев и Борислав Крмов кои со својот потпис ја прифатија иницијативата на Достоинство поднесена на 02.10.2023 година и овозможија да започне собраниската процедура за Предлог на закон за измена и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележја изработен од Достоинство.
Се надева дека сите пратеници од македонскиот политички блок ќе дадат поддршка на оваа хумана иницијатива.
„Срамота е 22 години по завршувањето на вооружените дејствија од 2001-та сеуште да нема репрезентативен и достоинствен споменик кај Карпалак, место каде од заседа во ужасни маки изгореа 10 македонски бранители, скромен но достоинствен споменик на местото на заседата кај Вејце во која беа масакрирани осуммина припадници на македонските безбедносни сили, скромен но достоинствен споменик кај Љуботенски Бачила каде од мини загинаа осум бранители, кај Требош каде во заседа загинаа тројца бранители, а по потреба и на други места.
Споменици кои ќе потсетуваат на еден крвав и мрачен период од нашата блиска историја а не’ споменици кои ќе шират омраза.
Текст на измените кои ги предлагаме:
“Со подигањето на меморијални споменици и спомен-обележја се одбележуваат и значајни настани и истакнати припадници на безбедносните сили поврзани со одбраната на суверенитетот на Република Македонија во 2001 година.“

Advertisement

“Собранието на Република Северна Македонија за настаните и личностите од членот 2 став 2 на овој закон донесува Посебна програма за одбележување на значајни настани и припадници на безбедносните сили во која се предвидува изградба на меморијални споменици на локациите на кои загинале припадници на безбедносните сили во месноста Карпалак во општина Желино, во атарот на село Вејце во општина Тетово, во атарот на село Требош во општина Тетово а по потреба и на други локации.“

“Посебната програма од членот 6 став 2 на овој закон ќе се донесе во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.“

Воедно Достоинство дава силна подршка на иницијативата на министерката Славјанка Петровска која се обидува да ја исправи оваа неправда така што Владата ги доделува овие локации на Министерството за одбрана кое потоа самостојно би изградило споменици на посочените локации. За нас бранителите е важно да се исправи оваа неправда без разлика кој и како ќе го направи тоа“, пишува Ангелов на фејсбук.
Во исто време Ангелов најавува дека вечерва од 20.00 часот ќе гостува на поткаст кај јујуберот Стефан Лазаров.
„Ќе кажам се што не сум кажал досега, од моето раѓање до денес. А богами има многу што да се каже, особено кога се има можност за неколкучасовно беседење…“, најави Ангелов на фејсбук.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.