(ВИДЕО) Автомобил удри во пет лица на паркинг во близина на Загреб, тројца од нив се со тешки повреди

news
Advertisement

Hа автомобилски собир на паркинг во близина на Загреб, 23-годишен возач со своето возило „Мерцедес“ поради несоодветна брзина околу 22 часот синоќа, налетал на пешаците кои биле собрани на паркинг а потоа се судрил и со друг автомобил. Според информациите, три лица се потешко повредени, а еден од нив се бори за живот.

Advertisement

Полицијата во Загреб започна кривична истрага за возачот, а од таму соопштија дека во сообраќајната несреќа најтешко се повредени трите лица кои возачот ги „собрал“ на паркингот. Со полесни повреди завршиле лицата кои се наоѓале во друг автомобил кој исто така бил удрен од мерцедесот. Според изјавите на очевидците, возачот на мерцедесот дивеел со автомобилот на паркингот низ текот на целата вечер, а полицијата допрва ќе утврди дали возачот бил под дејство на алкохол или други недозволени супстанци

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.