(Видео) Василичарски оган во Геге, традицијата продолжува – пита со паричка за нов кум

news
Advertisement

Македонска музика, василичарски оган, пита со парчика, топла ракија. Продолжи традицијата во населбата Даме Груев, позната како Геге, во општина Ѓорче Петров. Стотици жители на општината, традиционално, вечерта ја поминуваат на ова место, заедно со нивните пријатели.

Advertisement

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.