ВИДЕО – Зошто Српски авион принудно слета во Црна Гора? Патниците во паника

news
Advertisement

Српски авион принудно слета во Црна Гора, патниците во паника
Авионот на Ер Србија, Ербас 319 на релација Тиват-Белград, денеска се вратил на аеродромот во Тиват од кој полетал поради технички причини и мерки на претпазливост, потврдија за Танјуг од компанијата.

Advertisement

Како што наведуваат во соопштението од компанијата Ер Србија, безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена и во моментов се прави се за што поскоро обновување на летот.

„Ер Србија жали за непријатностите и прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди летот да продолжи што е можно поскоро.За повеќе информации, се молат патниците да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, за да ја посетат нашата веб-страница airserbia.com или нашите страници на социјалните мрежи“, се наведува во најава.

Патниците велат дека летот доцнел 45 минути и дека 5 минути по полетувањето се слушнал силен удар под авионот. „Наликуваше на удар од гром. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно видоа голем чад од авионот“, рекол еден патник.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *