(ВИДЕО) На водителката и се слошило сред емисија во живо, се онесвести во студио

news
Advertisement

Водителката на информативната програма Теледиарио Монтереј, Памела Вилануева се онесвести во студио за време на пренос во живо, а видеото почна да се шири на социјалните мрежи.

Advertisement

Нејзе и се слошило веднаш по завршувањето на разговорот со колегата кој се јавувал од терен, а во еден момент се занишала сред реченица и потоа се тетеравила и паднала во бессознание.

Водителката веќе следниот ден се врати на работа, а во своите објави им се заблагодари на сите за грижата.

„За жал, не беше шега. Се онесвестив, но сега се чувствувам добро. Како и да е, ќе ги направам потребните тестови, а во меѓувреме им благодарам на сите што се грижеа за моето здравје“, рече таа, а особено им се заблагодари на камерманот Хуан Диего кој успеал навреме да ја фати и да ја спречи да си ја удри главата на подот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.