Џуд Кофи, аутистично 11-годишно момче од САД, неодамна доби големо изненадување. Пред неговата влезна врата се појави пијано вредно 15.000 долари, кое му го подарил сосема непознат човек откако го слушнал како свири.
Џуд има голем талент за свирење пијано, а песните што ги слуша може многу брзо да ги меморира и свири. Пред две години најде стара клавијатура во подрумот и само што почна да свири. Денес е доволно само да слушнете песна за брзо да научите да ја изведувате на пијано, пренесува Си-Би-Ес њуз.
Неговите вештини го привлекоа вниманието на медиумите и тој беше прикажан во прилог на локална ТВ станица во Колорадо, кој го погледнал и експертот за пијано Бил Магнусон. Тој тврди дека Џуд е „талентиран како Моцарт“. Инспириран од приказната на момчето, тој решил да му купи пијано и месечно да плаќа часови по свирење.
„Ова го направи сосема непознат човек, кој не го ни сретнал, туку едноставно решил да му помогне. Кој дава нешто бесплатно овие денови? Тоа е неверојатно“, изјави Исаја Кофи, таткото на Џуд.
„Тоа е чудо“, изјави момчето за Си-Би-Ес њуз.