ВИДЕО | Полициска акција во Тетовско, пронајдени големи количини на оружје и муниција

news
Advertisement

Денеска тетовската полиција, на улица “Полог”, го уапсија У.М.(34) од тетовска Шипковица.

Advertisement

При преглед на патничко возило “опел астра” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми “Лугер” калибар 9 мм. При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол “Црвена застава” 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол “Глок 17” со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка “Кхан Армс” со 5 патрони.

Од страна на СВР Тетово во текот на утрешниот ден до надлезното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, информира МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.