ВИДЕО: „Река“ тече во автобус на ЈСП, патниците се мачат да ја избегнат водата

news
Advertisement

Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје поплави голем дел од градските улици, а фотографиите и снимките од последиците што ги остави поројниот дожд, ја покажуваат силата на невремето.

Advertisement

Патници во автобус број 24 на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) објавија видео на кое се гледа како автобусот се полни со вода додека поминува низ некоја од поплавените сообраќајници.
Патниците се снаоѓаа да ја избегнат водата – дел од нив ги креваа нозете во воздух, а дел се помирија со поплавата и згазија во водата длабока дваесетина сантиметри.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.