Во саботата во спортскиот центар „Јане Сандански“ во населбата Аеродром спектакуларен концерт одржаа момците од „Next Time“ и направија ноќ за паметење.
Во еден глас неколку илјадната публика ги пееше големите хитови на познатото дуо и направија атмосфера каква ретко се гледа на концертите…
Фронтменот Стефан изјави дека за овој момент чекале цели 15 години, но дека вредело.
„ Чекавме 15 години за во ваква голема сала да одржиме концерт. Ви благодариме на сите што ја поддржувате македонската музика, затоа што во ова време ѝ е многу потребно на Македонија да се одржува културата и традицијата. И ние и вие сме главна причина што оваа причина уште трае. Да сте живи и здрави“ – изјави во првите неколку минути од концертот.
Гости на концертот беше и познатиот кавалџија Гоце – Синтезис, виолинистот Виктор Ангелов, како и популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.
Во првите редови од публиката беше мајката на Стефан и Мартин, која е нивната најголема поддршка.