ВИДЕО: „Сите сметки ми се платени, а три дена немам струја“: Жители на Арачиново протестираа пред ЕВН

news
Advertisement

Пред канцелариите на ЕВН во Скопје протестираа жителите на Арачиново кои веќе два дена се без струја. Граѓаните бараат средба со надлежните од компанијата за дистрибуција на струја. На протестот дојде и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.

Advertisement

Околу 80 отсто од домаќинствата во селото од пред два дена немаат струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.

„Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање“, велат од ЕВН.

https://fb.watch/f69rFNXBM_/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.