(ВИДЕО) Скандал – Нова Бомба: Водостопанство се местат тендери?!

news
Advertisement

–Требаше да се отфрлат и двете. Му викам мора преку архива да ти помине како не сваќаш, документ официјален. -Кренав џева ама на крај кога ми рекоа ќути затни се морав да се повлечам.

Advertisement

Ова е дел од аудио снимка која ја објави ТВ21, а на која како што велат зборува член на комисијата која разгледувала тендерска постапка. Имено, акционерското друштво Водостопанство објавило тендер за чистење на речното корито на „Пчиња“ кај село Катланово. Се пријавиле две компании. Тендерот го добила фирмата „Лас Вегас“ која немала архивски број на документите.

Тв21 го контактораше Претседателот на комисијата, кој не сакаше да зборува пред камера. Но, во телефонски разговор потврди дека фирмата која го добила тендерот немала архивски број. Образложението е дека за фирми со помалку од 50 вработени кои учествуваат на тендери не бил потребен архивски број. Но, што велат правниците за ова:

-Навистина се насмеав кога ми го поставивте прашањето. Како некој може да знае во затворен плик дали се работи за фирма која има помалку од 50 вработени или повеќе? Тука гледаме некои прејудицирања за други работи кои не сакам да ги коментирам, но е смешна изјава ако е дадена, вели адвокат Мимоза Салтирова.

Постапките според адвокатката Салтирова се следните:

-Сите докумнети комплетот кои се утврдени од страна на договорниот орган кој ја распиша постапката за јавна набавка се доставуваат во затворено плико со назнака за која тендерска постапка. Но, не смеат да бидат видливи или читливи податоците на лицето кое се јавува во својство на понудувач. Но, тоа лице кое аплицира мора да им архивски број односно во државната управа каде е поведена тендерската постапка мора да биде заведен секој документ кој е примен кај нив. Тоа лице кое ги поднело документите уредно треба да има архивски број.

Втората фирма „Ом-та ДОИЛ“ била веднаш диквалификувана со образложение дека и недостасува документ. Не им бил даден ниту записник, па така немаат врз основа на што да поднесат жалба. Но, сопственикот на „ОМ-ТА“ обвинува за нерегуларности уште пред да почне тендерската постапка.

Кога го земаа мојот плик видно беше дека беше отворен. И реков на комисијата да го прекине наддавањето, бидејќи пликото е отворено. Не ме послушаа продолжија понатаму. Кај мене забелешката беше дека недостасува потврда дека нема стечајна постапка за фирмата, документи што ги издава Централен регистар кои ги издава сите во пакет, не ги издава еден по еден, туку ако фалат ќе фалат сите, вели Садик Личина.

За случајот го контактиравме и Директорот на водостопанство Локман Лимани кој не сакаше да зборува пред камера. Ни одговори само со пораки дека и тој и комисијата имале притисоци од фирмата што не го добила тендерот, па дури биле повикани и од МВР. Сопственикот на ОМ-ТА ДОИЛ негира.

Отидов во главната управа кај директорот да му се пожалам, фино ме прими рече дека ќе ја викне комисијата да му раскаже и ќе донесе одлука.

Рече дека нема ингеренции и дека тие ингеренци се на Митко Костадинов. Тој не беше присутен и не можевме да го најдеме да го контактираме, вели Личина.

ТВ21 се обиде да стапи во контакт и со Костадинов, за кој велат дека влијаен на тендерската постапка, но тој не одговори на нашите повици.

Инаку за Митко Костадинов уште во 2018-та година неколку медиуми објавија вест дека заработил кривична пријава за злоупотреба на службената положба за влијание во тендерски постапки. Како тогашен главен и извршен директор на АД „ Водостопанство“ на РМ почастил 11 фирми со тендери.TV 21

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.