Advertisement
Снегот на крајот на ноември по сѐ изгледа повторно ги изненади надлежните, па обилните врнежи направија вистински хаос на патиштата низ Македонија.
Advertisement
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како десетици камиони и автомобили се заглавени на патот. Патниот правец не е исчистен и поради тоа не е ниту прооден за возилата.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=704449084981858&id=100001983130338&mibextid=Nif5oz
Колкава е гужвата се гледа и на алатката „Гугл мапс“.
Од АМСМ информираа дека има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци:
* Кичево-Стража
* Гостивар-Стража и Гостивар-Маврово
* Дебар – Маврово.
Автомотосојузот предупредува задолжително да се користат ланци на патниот правец Тетово-Попова Шапка
Advertisement