ВИДЕО | Тројца Срби претепаа доктор и медицинска сестра во Берлин

news
Advertisement

Неверојатна сцена се случила во клиниката Сана во Берлин, Германија. На снимката од надзорните камери се гледа како 25 годишен Србин и неговите двајца браќа удираат 32-годишена медицинска сестра и го тепаат докторот (42), пренесе Билд. Во деновите после нападот кој се случил на новогодишната ноќ, ниту докторот ниту сестрата не биле способни да одат на работа и заминале на боледување. Лекарот се здобил со повреди на лицето и модрица на окото.

Advertisement

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Роднини на друг пациент успеале да спречат ситуацијата да не ескалира уште повеќе. Според она кое го пренесуваат медиумите од регионот, напаѓачите биле во алкохолизирана состојба и извикувале заканувачки и погрдни зборови кон медицинскиот тим во центарот за итна помош, заканувајќи им се дека ќе ги заколат и дека ќе им ги убијат семејствата.

Причината за ескалацијата била во тоа што двајца браќа не биле задоволни од постапувањето на лекарскиот тим кога тој интервенирал на 25 годишен пациент, кој имал рана на раката. Според информациите на полицијата, 25 годишното момче имало отворена рана која крварела, и со возило на итната помош било донесено во болницата 45 минути после полноќ. Не е познато колку време поминало од доаѓањето во центарот, до нападот.

На снимката се гледа дека мажите го малтретираат болничкиот персонал и доаѓа до расправија. Одненадеж мажите почнуваат да го удираат докторот и медицинската сестра. Таа завршува во еден од ѕидовите па на подот. Потоа е нападнат лекарот кој добил полесни повреди на главата. Напаѓачите им се заканувале и на другите вработени кои се обидувале да ја смират ситуацијата до доаѓањето на полицијата. Тројцата пијани мажи биле привремено уапсени. Во текот на истрагата кај нив била пронајдена и дрога.

Извор. https://www.slobodenpecat.mk/video-trojca-srbi-pretepaa-doktor-i-medicinska-sestra-vo-berlin/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.