Вистинска драма: Двегодишно дете било во клиничка смрт во возило на итната помош, лекарите го спасиле

news
Advertisement

Двегодишно дете вчера било примено во болницата во Осиек во тешка состојба поради воспаление на белите дробови и му требало итен транспорт до Загреб, а во возилото на итната помош се случувала вистинска драма, јавува „Дневник“.

Advertisement

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Екипата за итна помош веднаш тргнала со детето кон Загреб, но се соочила со голема гужва во сообраќајот. Лекарите тогаш ја повикале полицијата, која им обезбедила придружба до Загреб. Покрај огромната гужва и сообраќајниот метеж на автопатот, пред Загреб наишле и на верижен судир. Додека возеле кон главниот град, детето било во тешка состојба, интубирано и на кислородна поддршка. Во еден момент, тоа било и во состојба на клиничка смрт, но лекарите успеале да го реанимираат и да го спасат.

„Тешко е да се најдат пофални зборови со кои ќе им се заблагодарам на сите. Мојата ќерка поради проблеми со белите дробови во саботата заврши во болницата во Осиек, а во понеделникот состојбата и се влоши бидејќи и нејзиното срце било загрозено. Ни кажаа дека сè беше подготвено за итен транспорт до Загреб, а беше околу 14 часот. Брзата помош тргна, а ние тргнавме по нив“, изјавиле родителите за хрватските медиуми.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.