Владата го формираше ад хок телото за употреба на историски личности во имиња на здруженијата

news
Advertisement

Додека да се донесе нов Закон за здруженија и фондации, ова тело ќе дава мислења за поднесените барања да се регистрираат здруженија со историски личности во имињата, а целта е да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст

Advertisement

Владата го формираше Советодавното тело кое ќе дава мислења за употреба на име на некоја историска или друга позната личност во имињата на здруженијата и други правни лица.

„Формираното тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи“,

соопштија од Владата по денешната седница.

Ова Советодавно тело е ад хок решение кое дојде како преодно решение додека да се донесе нов Закон за здруженија и фондации.

Ова тело се состои од седум постојани членови кои ги номинирале самите институции, а меѓу нив е и академик Драги Ѓоргиев кој е редовен член на МАНУ, и е дел од заедничката историска комисија со Бугарија. Покрај седумте членови, по потреба ќе се вклучуваат дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

Седуммината членови кои се дел од ова ад хок тело се:

д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;

д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век;

Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите;

Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на министерот за култура;

Билјана Мицковска, од Сектор за правни работи при Министерството за економија;

Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и

Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Ваквите чекори Владата ги презема откако во јавноста се покренаа лавина реакции кога во април годинава во Битола беше отворен бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“, а потоа беше и регистрирано здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.