ВМРО ги објави носителите на листи за парламентарните избори – Мицкоски и Ковачевски влегуваат во трка за 1ИЕ

news
Advertisement

Мицкоски ќе ја предводи листата на пратеници во првата изборна единица, Мисајлоски во двојката, Ковачки во трајката, потпретседателот Николовски во четворката и пратеничката Дафина Стојановска во шестата изборна единица. Денеска ќе биде познат и носителот на листа во петтата изборна единица, потврди партискиот лидер. Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање оти вели изборот е ВМРО ДПМНЕ од една страна и двоецот СДСМ-ДУИ од друга.

Advertisement

Го повика Брисел да не го користи правото на консензус на следниот Европски Совет ако навистина сака да се донесе позитивна одлука за македонските интеграции.

Мицкоски најавува дека по преземање на власта ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара со сите околу билатералните прашања со Бугарија но само ако се почитуваат Копенхашките критериуми

За екс премиерот Ковачевски стратешката цел на државата , членство во ЕУ, мора да продолжи. По изборите најавува повисоки плати, но и решение за воведување на минимална пензија.

Партиите веќе ги финализираат и листите на пратеници . Според Роковникот, најдоцна до 2-ри април на полноќ листите на кандидати треба да бидат доставени до ДИК.izvor Sitel

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.