ВМРО-ДПМНЕ: Абази, Јовески и Ковачевски слика имаат, тон немаат, молчат за скандалот со Лотаријата, кој е школски пример за корупција

news
Advertisement

Според опозициската партија, Ислам Абази и Љубомир Јовевски молчат за скандалот со изнајмувањето на простор од страна на државната Лотарија од компанија ХЕЈ, формирана пред неколку месеци, под крајно сомнителни услови. Оваа компанија, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е тесно поврзана со Артан Груби и кланот Зајас. Причината за молкот на првите луѓе на институциите на прогонот е јасна, на едниот на глава му се качени пола раководство на ДУИ, а другиот е седнат во скутот на власта.

Advertisement

Затоа при очи се прават слепи пред школскиот пример за корупција и криминал. Државната лотарија која е предводена од поранешниот шеф на кабинетот на Артан Груби, Прпарим Бајрами, изнајмила деловен простор по 21 илјада евра месечно или за десет години 2,6 милиони евра од компанија каде еден од членовите на УО на Државна Лотарија е ангажиран. Зад компанијата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати милионски тендер, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас“.

Според партијата на Мицкоски, Груби и ДУИ се извор на коруптивни скандали. Но најстрашно од се е што, како што велат, органите на прогонот воопшто не ги ни истражуваат, а уште помалку ги санкционираат.

„Ниту премиерот има храброст да го истражи овој милионски скандал. Ковачевски, како и Абази и Јовески, има слика, тон нема. Ова мора да престане. Оваа корумпирана власт која се богати со народните пари мора да си замине, а потоа да одговара за секој проневерен денар“, се истакнува во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.