ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да сработи нешто наместо да се надева на потписи од ДУИ и СДСМ за формирање партија

news
Advertisement

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во одговор на новинарско прашање кусо ја прокоментираа најавата или поконкретно потврдата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека ќе формира политичка партија.

Advertisement

Партискиот став го пренесе портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој воедно упати и порака до Арсовска.

„Прво Данела Арсовска нека сработи нешто за скопјани наместо да се надева на потписи од ДУИ од СДСМ за формирање партија“,рече Стоилковски.

Шпекулациите што кружеа во јавноста дека Арсовска се подготвува да формира политичка партија, скопската градоначалничка ги потврди вчера вечер во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

До вчерашното гостување таа ниту ги потврдуваше ниту ги демантираше ваквите наводи.

На прашањето дали размислува во насока на формирање политичка партија, Арсовска кусо одговори – „да“, а на дополнително прашање кога може да се очекува нејзино формирање, таа додаде:

„Во процес сме на формирање политичка партија“

Градоначалничката на Скопје не одговори конкретно дали се гледа себеси како лидер оваа политичка партија, а одби да каже и дали дел од членството би биле имиња кои претходно биле активни на политичката сцена.

Прашана дали тоа значи дека може да се очекува учество на партијата на претстојните парламентарни избори во мај годинава, Арсовска, меѓу другото, одговори дека сакаат да им укажат на граѓаните дека некој може да дојде и да работи подобро.

„Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните дека може поинаку од овие изминати 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку. Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некој од политичарите од оваа корумпирана политичка елита, нема да има напредок. Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе“,рече Арсовска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.