ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска разочара и покажа суета, го стави личниот интерес пред тој на градот

news
Advertisement

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат разочараност од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Според нив, таа лошо управува со градот и не го реализира ветеното.

Advertisement

„Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, не за гола власт
Лошото управување со градот Скопје и нереализирање на ветеното се работи преку кои ВМРО-ДПМНЕ нема да помине. Без разлика за кого се работи.

Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот.

Со нејзиниот аматерски однос, кој не знаеме од какви побуди е поттикнат таа загрозува мултимилионски проект, каков што е прочистителната станица на реката Вардар.

Арсовска имаше лош однос и кон ЈП Дрисла и кон ЈП Градски паркинзи, чии директори со сопствени капацитети ја унапредија работата на тие претпријатија.

Арсовска наместо да прави сплетки, да се посвети на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во интерес на градот, но ништо кое што е надвор од тоа“, се вели во соопштението

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.