ВМРО-ДПМНЕ закажа седница на ИК, ќе се носи одлука за референдум

news
Advertisement

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска во 18 часот ќе почне седницата на Извршниот комитет каде што ќе се носи одлука за референдумското изјаснување во однос на пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка.

Advertisement

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски отвори процес на широки консултации при што беа консултирани внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, како и широки консултации со академската јавност и коалиционите партии за што доби и поддршка за самата иницијатива.

Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, а кој се потпира на протоколот кој пак ги содржи сите спорни делови од Договорот за Пријателство, Добрососедство и Соработка помеѓу Бугарија и Македонија, а кој го склучија Заев Борисов во 2017та година.

ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата“, велат од опозициската партија.

Од партијата претходно кажаа дека гаранција дека уставните измени нема да се случат се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Сеницата е закажана во 18 часот, а околу 20 часот се очекуваат изјави за медиумите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.