ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на ЕК нотира дека владата не спроведува доволно реформи, нема отчетност и вистински решенија

news
Advertisement

Извештајот на ЕК нотира дека владата не спроведува доволно реформи, нема отчетност и вистински решенија, СДС потфрла, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Од партијата посочуваат дека според најновиот Извештај на ЕК, во Македонија нема сериозна посветеност на реформи.

-Се нотираат ад хок решенија наместо системски реформи на законодавството. Имено ова може да се забележи дозволувањето на нео-фашистички центри во сите градови од Македонија и историски ревизионизам. ЕК јасно нотира дека се потребни решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи. Извештајот го нотира и самоволието на Џафери, и неодговорноста во Собранието. Имено ЕК нотира отсуството на отчетност, што јасно се гледа низ повеќемесечно незакажување на седници за пратенички прашања во Собранието. Криење од опозицијата и граѓаните, стои во соопштението.

Извештајот покажува дека власта наместо да работи и да се посвети на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели. И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.