ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Тачела меѓу СДС и Арсовска е базирана на заедничкиот мерак за пари

news
Advertisement

Тачела е коалицијата на СДС и Арсовска, на која со лепакот наречен тендери и дебели хонорари се прилепени и ГРОМ, ДУИ и Левица. Оваа Коалиција е одговорна за хаосот и нефункционалноста на градот. Сите директори на јавните претпијатија се дел од Тачела Коалицијата и тие наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, создаваат нови.

Advertisement

Заедничката љубов на СДС и Арсовска најдобро се гледа во ЈСП каде кадарот на СДС Александар Стојковски склопи договор тежок 27 милиони евра со семејната фирма на пратеник од мнозинството на Ковачевски без да се пресмета рабат со што би се уштеделе најмалку 1,5 милиони евра. Со овие пари ќе се платеа долговите кон приватните превозници и јавниот превоз немаше да биде во колапс.

СДС залудно глуми лудило кога веќе сите гледаат како функционира нивната коалиција. Доколку навистина сметаат дека Данела Арсовска катастрофално го менаџира Градот Скопје, тогаш СДС ќе побараа нејзина оставка. Но вистината е дека меракот за пари, провизии и матни тендери им е заеднички, па затоа се врзаа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.