ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени без гаранции од ЕУ дека ќе нема ново вето од Бугарија

news
Advertisement

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски како непринципиелни и неевропски ги оцени условувањата на дел од албанските партии дека ќе поддржат ставање на други народи во Преамбулата на Уставот само доколку од него се тргне квотата 20 отсто за албанскиот јазик. Сепак вели подготвен е да разговара и за ова барање но само доколку се разговара и за бришење на Бадентеровиот принцип, и за балансерот, како дел од т.н. нов договор за Македонија. Откако од Алијанса за Албанците најавија дека нивната поддршка за внесување на Бугарите во Уставот ќе зависи од бришењето на процентот за албанскиот јазик, Мицкоски порача оти во институциите наместо за проценти место треба да има за квалитетни кадри.

Advertisement

„Подготвен сум да седнам да разговарам со секого, но тоа е оној нов договор за Македонија и притоа треба да разговараме и за нормата Бадентер, за нормата балансер, да имаме еден фер систем во Македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од некаква си бројка, или дел од некаква квота или процент, туку затоа што вредат, затоа што се конкуретни, имаат знаење… Ако ме прашувате за процесот на менување на Преамбулата на Уставот со цел вклучување на делови на народи, па како реакција на тој процес се јавува тој процес, можам да кажам дека е непринципиелно и неевропско, затоа што вие ако верувате во европската агенда како што велат, треба да веруваат безусловн,о а не со услови, рече опозицискиот лидер.

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени се додека нема јасна гаранција од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во Унијата, без Бугарија постојано да се зканаува со ново вето.

Од власта засега немаат коментар за пакетот уставни измени кои вчера го најавија од Алијанса за Албанците, но велат дека уставните измени треба да се случат,а Мицкоски според СДСМ е против ЕУ.

„Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните. Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет. Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство, велат меѓудругото од СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.