ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП

news
Advertisement

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека срамно е што коалицијата СДС, едното крило на ДУИ и Арсовска не гласаа за исплата на плати на вработените на ЈСП

Advertisement

„Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати.

На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел што побрзо да се излезе во пресрет на барањата на вработените во ЈСП Скопје, предложи да се скрати рокот и да се предложи веднаш да се разговара за скратување на средствата преку ребаланс на Буџет и пренамена на средства за плати на вработените во претпријатието. Палката е во рацете на градоначалничката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.