ВМРО-ДПМНЕ: Џафери не може да толкува Устав – Џафери: Обратете се до Уставниот суд, таму ќе ви објаснат

news
Advertisement

Има ли правна основа Џафери да ја отфрли иницијативата како неуредна или за тоа требаше да се произнесат надлежните собраниски комисии. Од ВМРО-ДПМНЕ коментираат дека Џафери не е уставен судија да толкува Устав, и дека нивната иницијатива се однесува на законот за ратификација а не на меѓународен договор. Отфрлање на иницијативата за референдумот е поради измислени и противправни причини, оценува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Advertisement

„Џафери си го приватизира Собранието. Уште еднаш покажа власта дека се плаши од народ и затоа беа приморани да измислат небулозни причини да ја отфрлат иницијативата за референдум. Работа на претседател на Собрание не е да толкува Устав. Тоа е работа на Уставниот суд. Прашањето ВМРО-ДПМНЕ не ја менува содржината на Договорот туку оспорува Законот со кој се ратификува билатерален договор и се прогласува за важечки на територија на Република Македонија со сила на закон“, вели Владо Мисајловски.

Реакција за отфрлањето на иницијативата имаше и на самата седница на Собранието од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Џафери одговори дека парламентот работи според Уставот и Деловникот а дека тој е должен да ги почитува.

„Ова е Собрание, а не суд па вие да судите. Ако сметате дека сте во право, имате соодветна постапка и процедура, има соодветен посебен уставен орган, формиран со Устав со соодветни надлежности. Обратете се таму,па ќе ви одговорат, тоа е работата“, порача Талат Џафери.

Иницијативата за референдум е спротивна на Уставот велат од СДСМ и ДУИ. Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно ја поднел иницијативната за таа да биде одбиена, но и дека би било недозволиво во време на економска криза да се потрошат 8 милиони евра за референдум кој не би успеал. 

„Очигледно дека опозицијата намерно ја има смислено и поднесено иницијативата на правно неиздржан начин за организирање на референдум кое е спротивно на Уставот со единствена цел за да биде одбиена и притоа да создава поделби и тензии меѓу граѓаните да го манипулира народот иако знаат дека референдумот нема никакви шанси да успее“, истакна Арбр Адеми.

„Договорот за добрососедство е меѓународен договор а членот 118 Уставот јасно предвидува дека меѓународните договори што се ратификувани се дел о внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во време на најголема економска и енергетска криза во пресрет на тешка и неизвесна зима крајно неодговорно и недозволиво е Мицкоски што сака да се потрошат фантастични 8 милиони евра, пари на граѓаните, единствено заради негови лични внатрепартиски интереси“, додаде Мартин Костовски.

И од Беса велат дека не го поддржуваат референдумот и дека се за европскиот пат на земјава.

„Не, апсолутно не можеме да поддржиме референдум, тоа сме го кажале и порано. Значи ние го поддржуваме европскиот пат на државата. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ има своја иницијатива тоа е нивно право, нивна постапка која тие ја тераат, но ние неспорно стоиме и го поддржуваме европскиот пат на државата, го поддржуваме Договорот од 2017 година што ние како држава го имаме склучено со нашиот сосед“, вели Фадиљ Зендели. 
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера доцна попладнето ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДМНЕ за организирање референдум како неуредна и спротивна на највисокиот правен акт. Тој наведе дека таа не е во согласност со член 118 од Уставот според кој меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.