Возачот тврдел: Палчо ме искористи – не знаев дека возам убиец

news
Advertisement

Возачот на Палчо не знаел дека превезува бегалец кој во Македонија се бара за двојно убиство. Порталот Скопје 1 повикувајќи се на информации од истрагата пишува дека транспортерот на Палевски се противел на мерката притвор и на приведувањето на граничниот премин. Изворите на порталот тврдат дека тој на полицијата детално и раскажал за патувањето на Палевски.

Advertisement

„Транспортерот на Палчо, на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на 3 декември, но утрото. Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.“ – пишува Скопје 1.

Транспортерот на Палчо, возел бел џип „Ланд ровер“. Тој го возел осомничениот преку граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). Нему му е изречен притвор од 48 часа.

Извор. https://press24.mk/vozachot-tvrdel-palcho-me-iskoristi-ne-znaev-deka-vozam-ubiec

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.