Возеа мотори на едно тркало за тик-ток низ градот. Сега ќе платат за тоа

news
Advertisement

Утврдени се идентитетите на мотоциклистите, кои низ штипските улици ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи, возат на едно тркало и прават голема бучава. Во билтенот на СВР-Штип се вели дека по вчерашното објавено видео на социјалните мрежи, по утврдувањето на идентитетот на мотициклистите ќе следат и соодветни пријави.
-Апелираме до сите возачи на мотоцикли да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема.

Advertisement

Посебно апелираме до родителите да бидат внимaтелни и да не подлегнуваат на притисокот и барањата на своите деца, да не им овозможуваат неконтролирано користење на мопеди, без претходно да им обезбедат основни знаења и способности за правилно и безбедно учество во сообраќајот, стои во соопштението на СВР-Штип. Посочуваат дека во рамките на проектот „Безбедно лето 2022“, преземаат и ќе продолжат со зајакнати мерки и активности во областа на сообраќајот на возачите кои управуваат мотоцикли без возачка дозвола, возачи на нерегистрираните мотоцикли и мотоциклистите што со прекумерна бучава ги вознемируваат граѓаните во доцните вечерни часови. Зајакнати сообраќајни контроли врз оваа категорија на учесници во сообраќајот ќе се вршат и во наредниот период со зголемено присуство на терен на полициски патроли.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.