Вечерва полицијата интензивно трага по исчезнато малолетно лице, откако случајот брзо се прошири на социјалните мрежи и ја вознемири јавноста.
На 13 јануари 2026 година, околу 13:30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено исчезнување на 16-годишно момче. Според пријавата, Ж. Б. (57) од селото Пашино Рувци, општина Кривогаштани, пријавил дека неговиот син Н. Б. се оддалечил од семејниот дом, по што му се губи трагата.
Од Министерство за внатрешни работи see соопштуваат дека веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на малолетното лице, а за случајот е известено и надлежното јавно обвинителство.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку имаат какви било информации што би можеле да помогнат во пронаоѓањето на момчето, да ги пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.