Вооружен маж е уапсен во училиште во близина на Берлин

news
Advertisement

Маж вооружен со нож и пиштол утрово е уапсен во училиште во Петершаген, во близина на главниот град на Германија, Берлин.

Advertisement

Во училиштето бил вклучен безбедносен аларм кога било забележано дека маж со пиштол влегол во зградата и била повикана полиција. За време на инцидентот во објектот немало ученици.

Според германскиот весник Билд, приведен е 22-годишен Германец. Во акцијата повреден е еден полицаец и приведениот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.